Реновирање станови од прв увид до клуч во рака.
Комплетно реновирање на станови во Скопје — демонтажа, инсталации, подови, керамика и молерисување, со еден одговорен тим и јасна динамика.
Што вклучува реновирањето на стан
Го организираме целиот процес така што вие имате еден соговорник, а не десет мајстори што се немаат договорено.
Електрика и водовод по нов распоред
Малтерисување, глетување и молерисување
Подови — ламинат, паркет или плочки
Керамика во кујна и купатило
Столарија, врати и финални детали
Зошто комплетно, а не парче по парче
Кога реновирањето на стан се води како еден проект — со редослед на занаети, материјали набавени навреме и контрола на секоја фаза — снемува застој, двојна работа и непредвидени трошоци. Затоа даваме детална понуда по увид, а не цена преку телефон.
Примери од оваа услуга.
ПредПотоа ✦
Комплетно реновирање на стан, Радишани
Постар стан целосно обновен — отворена кујна во тон на жалфија, подно греење и купатило со месинг детали.
ПредПотоа ✦
Комплетно реновирање на постар стан
Нови инсталации, подови и купатило со мермер-ефект керамика, црна галантерија и дрвени летвички.
ПредПотоа ✦
Реновирање и опремување на стан со кровен прозорец
Стан завршен до последен детал — нова кујна, подови, дрвен акцентен ѕид под кровниот прозорец и целосно опремен ентериер.
Чести прашања.
Колку чини реновирање на стан?
Цената зависи од квадратурата, обемот на работи и материјалите. По бесплатен увид и мерење добивате детална понуда со ставки, без скриени трошоци.
Колку трае реновирањето на стан?
Комплетно реновирање на стан обично трае од неколку недели до пар месеци, зависно од обемот. Точната динамика ја дефинираме во планот пред почеток.
Дали може да се живее во станот за време на работите?
Кај комплетни реновирања обично препорачуваме празен стан заради прашина и инсталации. За помали зафати договараме фазно изведување.
Спремен простор почнува со јасен план.
Закажете увид, дефинирајте ги работите и добијте понуда што има логика.